Објавено на:

(Видео) Големи протести во Софија: Се бара ослободување на Борисов

t

полицијата, како и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината Пи-Ар соработничка, Севдалина Арнаудова, поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства.

Пред зградата на бугарската Влада утрово се одржа мирен протест, со цел да се искаже поддршка на лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, кој синоќа беше приведен од бугарската полиција, пренесува бугарската телевизија Нова.

Симпатизерите на ГЕРБ, но и пратениците од пратеничката група на оваа партија, за време на мирниот протест побарале предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.

Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата откако е во опозиција. Сообраќајот во реонот на бугарската Влада бил блокиран, а имало и зголемено полициско обезбедување.

Бугарскиот експремиер Бојко Борисов вчеравечер беше приведен од страна на полицијата, заедно со поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината Пи-Ар соработничка, Севдалина Арнаудова, поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства.

Слушајот го следи европското обвинителство, кое пак треба да го извести бугарското во рок од 24 часа по започнување на истражните активности.

Порано денеска и бугарскиот премиер Кирил Петков во видео порака на социјалните мрежи порача дека „никој не е над законот“ и ги повика институциите непристрасно да си ја вршат работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…