(Видео) Граѓаните од три општини плаќале данок за да го финансираат генералниот секретар на СДСМ

t

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека граѓаните од три општини плаќале даноци за да го финансираат геннералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ.

Ова е партиската прес конференција:

“Почитувани,

Молкот на СДСМ во врска со нивниот генерален секретар Зечевиќ и неговото адвокатско друштво е доволна потврда дека немаат аргументи со кои би се одбраниле.

Над 1.8 милиони денари адвокатското друштво на генералниот секретар на СДСМ има инкасирано од само 3 општини со коишто раководеле кадрите на СДСМ.

Граѓаните на Градот Скопје, скопјани, Пробиштип и Неготино плаќале данок за да може градоначалниците од СДСМ да го платат сегашниот генерален секретар на СДСМ, по основ на паушали за адвокатура.

Молкот на СДСМ е доволен показател дека ги немаат аргументите, па дури и кога ги немале аргументите, неаргументирано напаѓале, но сега бидејќи се свесни дека нема со што да се одбранат за ова, молчат.

Зечевиќ по примерот на Калеска Ванчева, најисплатливо им било да бидат закачени на општински и јавните претпријатија преку паушали.

Очигледно е дека најисплатливата професија во СДСМ е адвокатурата.

Власта на СДСМ и луѓето во СДСМ единствено им е важна само за личен бенефит да се наместат на позициите. Не ни очекуваме да излезат во јавност и да дадат еден, ама само еден реален аргумент зошто најдобар избор за овие 3 општини бил генералниот секретар Миле Зечевиќ да биде адвокат или пак зошто во претходните 5 институции коишто говоревме идеално адвокатско друштво било друштвото на Калеска Ванчева.

Тие веќе не ни имаат срам пред јавноста, после се она што виде јавноста изминативе години на кој начин се трошат буџетски, државните и народните пари.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Закажани избори во Бугарија – СДСМ може…

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска распиша предвремени…

СДСМ убедени: Референдум против ЕУ не може…

Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски е…

Апасиев: Наместо да го затворат, СДС и…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го коментира…

СДСМ најавуваат зголемување на пензиите од септември

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година…

Тоа ќе остане: СДСМ за пет години…

Од денеска работат двете нови патарини на…