Објавено на:

(Видео) Грција потроши милиони за бopбени авиони па ги освети со светена вода

t

Звукот од првите шест „рафалe“ кои летаа над Акропол вчера одекна низ грчката престолнина. Според грчките медиуми, тоа секако бил најскапиот звук што го слушнале многу Грци, ако се земе предвид дека цената на летот на тој борбен авион е најмалку 14.000 евра на час.

Сепак, летот над Акропол беше голема и јасна порака за растечката грчка одбранбена моќ, пишува keeptalkinggreece.com.


Авионите полетале од пистата во Истрес во Франција и слетале во воздухопловната база Танагра на северот на Атика по спектакуларниот лет над Акропол.

Таму, во базата Танагра, свештениците ги пречекале авионите и ги попрскале со света вода.

Свечениот пречек бил пренесуван во живо на државната телевизија ЕРТ со изрази како „историски момент“ и „национална гордост“.

„Државата со гордост ги пречекува новонабавените авиони, првите шест од вкупно 24 рафале“, рече премиерот Киријакос Мицотакис на почетокот на својот говор во кој укажа на зголемувањето на воената моќ.

Според медиумите, грчката набавка на рафале го менува односот на силите во регионот, особено во однос на соседна Турција.

Грција наводно издвоила 2,5 милијарди евра за 18 рафале, 12 од француската армија и шест нови произведени од Дасо.

Грција, исто така, планира да набави уште шест рафале подоцна и да потроши дополнителни три милијарди евра за купување нови фрегати од француско производство.

Грција и Франција потпишаа договор вреден 2,5 милијарди евра на 25 јануари минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дендиас: Грција целосно ги поддржува Финска и…

Грција целосно ги поддржува плановите на Шведска…

Без вода делови од Кисела Вода

Поради уличен дефект денеска без вода од…

НАТО е безбедно од Русија: Во секој…

Од почетокот на конфликтот во Украина, се…

Лавров “ја попари” Грција: Со години вршите…

Сергеј Лавров и одржа лекција по демократија…

Грчката влада презема дополнителни мерки за ублажување…

Покривање на 50 отсто на зголемувањето на…