Објавено на:

(Видео) Гopи Казахстан – слики како од ГТА: Демонстрантите упaднаа во градското собрание, демонcтpaнт oдзeма пиштoл од полицaeц

t

Во казахстанскиот град Алма Ата изутринава продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите упаднаа во зградата на управата (акимат). Полицијата користи гумени куршуми за да ја разбие толпата. Големите демонстрации се резултат на огромното зголемување на цената на гасот и горивата.

Демонстрантите претходно се обидоа да се пробијат до акиматот, а припадниците на полицијата што го обезбедуваа употребија специјални средства, вклучително и шок бомби.

На социјалните мрежи е објавено видео од упадот на демонстрантите во градското собрание.

Демонстрантите по рацијата ја запалија зградата. Луѓето ги скршиле стаклата на приземјето и од повеќе страни упаднале во зградата. Во близина периодично се слушаат истрели. Црн чад се издига над градското собрание, оган избива од прозорецот на вториот кат.

Зградата на акимат е покриена со густ чад. Демонстрантите запалија неколку возила пред да упаднат во зградата.

Околу три илјади демонстранти се обидоа да ја окупираат зградата.

Полицијата претходно запре неколку стотици демонстранти вооружени со трендери во близина на центарот на градот. Меѓутоа, демонстрантите заробија и претепаа неколку полицајци.

Полицијата употреби специјални средства, вклучително и шок бомби.

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев потпиша указ за воведување вонредна состојба во регионот Алмати. Со уредбата е воведен и полициски час од 23 до 07 часот. Еден од демонстрантите одзема оружје од полициските службеници, повеќе информации во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…