Објавено на:

(Видео) Дали во Србија ќе се случи масакр?! – Пораката за дојави за бомби во Белград речиси идентична со свирепо злосторство во Русија

t

Пораката за дојавите за бомби во Белград е многу слична на пораката која пред нападот ја оставило момчето кое во септември 2021 година уби шест студенти на Универзитетот во Перм.

„Се мразиме себе, но сакаме да го повредиме секој оној што ќе нѝ се најде на патот. Чувството дека сè околу нас е само сон – не нè напушта. Не гледаме причина да напишеме нешто друго. На крајот, можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последни. Ќе ве убиваат со автомобили, бомби, ножеви, сè што ќе им дојде при рака. Олоши како нас ќе уништат сè околу себе“, пишувало во пораката која вчера ја добиле училиштата, а овие делови буквално се исти како пораката што ја објавило момчето кое го направило злочинот во Перм, а која, како што се претпоставува, е објавена на ‘Дарк веб’.

Тимур Бекмансуров (18), напаѓачот кој упаднал во кампусот на Универзитетот во Перм и почнал да пука по колегите, со денови го планирал злочинот, дури и, како што навел во пораката што ја објавил на социјалните мрежи – ‘долго штедел за оружје’.

Бекмансуров убил шест лица, а пред нападот на социјалната мрежа „ВКонтакте“ напишал дека неговиот мотив не е верски ниту политички, туку ‘сон кој долго го сонувал’ поради омраза кон сите околу себе. Напишал дека размислувал нападот да го изврши со автомобил-бомба или нож, наместо со пиштол. Исто така, детално го објаснил купувањето на пиштол и обуката за огнено оружје, како и процесот на добивање дозвола.

„Ова што се случи не е терористички напад, барем не од правно гледиште. Не бев припадник на екстремистичка организација, ниту бев религиозен и бев аполитичен. Никој не знаеше што ќе направам и делував самостојно“, стои во пораката на Бекмансуров, која ја објавил локалниот портал „59.ru“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовчанка уценувала маж со кој била во…

Жителка на Тетово три години уценувала маж…

Додик платил 840.000 долари за да лобира…

Американскиот адвокат Марк Зел, претседател на Републиканската…

Кривична пријава за десетмина полицајци од ЕБР,…

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје…

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре,…

Пицула повторно избран за претседател на Работната…

Известувачот на Европски парламент за Србија, Тонино…