Објавено на:

(Видео) Еве како изгледаше тренингот на Ѓоковиќ: Министерот за имиграција се уште размисулва дали да го депopтиpa

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, го одработи вториот тренинг на арената „Род Лејвер“, но сепак е загрижен за потенцијалната депортација што може да му ја наложи министерот за имиграција Алекс Хок.

Медиумите во Австралија објавија дека Ѓоковиќ во вторникот околу 15 часот бил на теренот на арената „Род Лејвер“, но и дека (тренингот) бил затворен за јавноста, а претставниците на „седмата сила“ немале можност да го видат.

Ден откако го победи Федералниот суд, Ѓоковиќ ги продолжи подготовките за Австралија опен, без се уште да ја знае конечната одлука на австралиските власти.

Единствениот кој сè уште може да го спречи Ѓоковиќ да игра во Австралија е министерот за имиграција, Алекс Хок, кој има дискреционо право да ја укине визата за најдобриот играч на светот.

Последните информации од Австралија покажуваат дека министерот Хок се уште ја разгледува целата ситуација. Како што сега стојат работите, тој денеска нема да донесе никаква одлука, па сагата продолжува.

Новинар на порталот „Ејџ“ објави дека министерот за имиграција најверојатно нема да донесе одлука во вторник и дека случајот на Новак ќе биде префрлен за во среда, што ќе биде точно една недела откако тој дошол во Австралија.

Федералниот суд во понеделникот одлучи да му ја врати визата на Ѓоковиќ бидејќи не му било дадено доволно време да докаже дека има важечко медицинско ослободување.

Веднаш потоа се појави информација дека Новак го апсат, дека ќе биде депортиран и покрај одлуката на судот, но засега нема ништо од тоа и се надеваме дека така ќе остане

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото)Чурлинов го одработи првиот тренинг во Барнли

Македонскиот репрезентативец и официјално е нов фудбалер…

За последен пат ќе го гледаме Надал…

Шпанскиот тенисер се изјасни за својот утрешен…

Ѓоковиќ лесно го ,,скокна” 1/8 финалето и…

Нема дилеми, Новак Ѓоковиќ е во одлична…

Ѓоковиќ: Не знам што ми е

Ѓоковиќ загуби во финалето на Србија Опен…

Подгответе се за шок: Еве какво образование…

Меѓутоа, јасно било дека Ноле не може…