(Видео) Ексклузивно интервју со Македонец од Киев: Страшно е, ќе останеме без храна и вода, постојано ечат сирени

t

Веќе неколку дена трае конфликтот меѓу Русија и Украина кој започна на 24 февруари.

Двете страни соопштуваат бројки на загинати војници, цивили, уништени објекти, запленети и уништени возила.

Во меѓувреме во Украина има полициски час, властите објавија повик за општа мобилизација, голем број луѓе се обидуваат да ја напуштат државата меѓу кои има и македонски државјани.

Инфомакс претходно објави за случајот на едно македонско семејство во две малолетни деца заглавено во Киев кое се уште не е евакуирано и вратено во Македонија, иако побарале помош од македонската амбасада во Киев. Дипломатите од македонската амбасада се евакуирани во текот на вчерашниот ден.

Во Тешки муабети ексклузивен гостин беше Сашо Андоновски, човекот кој заедно со своето семејство е заглавен во Киев.

“Се наоѓаме во страшно време. Русија ги стави на готовс нуклеарните капацитети, Киев е опколен, руската војска влезе во вториот град по големин во Украина, Харков, во меѓувреме се водат некакви преговори.Вечерва ќе зборуваме ексклузивно со Сашо кој е Македонец во Киев, женет е со Украинка. Кличко, графдоначалникот на Киев потврди дека никој не може да го напушти градот затоа што е опколен.” – вели Милош Милошевски како најава за понатамоѓниот тек на емисијата.

Сашо Андоновски кажа дека состојбата во Киев е многу тешка, немаат залихи на храна и вода и постојано ечат сирени за воздушни напади…

“Лошо сме исплашени сме, се криеме и преживуваме буквално. Во Киев сум. Останав затоа што ние се обративме во амбасадата кога прогласија воена состојба, не запишаа и ми рекоа да почекаме два дена списокот е готов ние ќе ве евакуираме. Јас сам му се јавив на амбасадорот. Ние не знаевме што ќе биде, на 24ти сабајлето одма почна

( нападите) и јас прво се јавив во амбасада.

Немаше ништо не бевме информирани, јас лично не бев информиран, немаше тензии. Секој ден можеби по десет пати дневно има сирени за воздушен напад, се слушаат експлозии и детонации. Станот не го напуштаме, сега сме во полициски час, трае два и пол дена, но имаме за јадење тоа што имаме залихи што ни останало. Во Киев водата не се пие, вода имаме тоа што сум собрал, сум наполнил шишиња, сум купил. Залихите завршуваат не се знае што ќе биде сабајле.

Од градоначалникот имаше соопштение дека може да пукаат обични луѓе.” – потресено раскажува Сашо и апелира македонските власти да помогнат за евакуација на него и неговото семејство, како и на останати неколку семејства кои се македонски државјани и не успеале да го напиштат Киев.

“Тешко е да веруваш на било која страна во овој момент бидејќи има пропаганда, има лаги. Ако нешто научивме од Киро Глигоров и од Тито треба да држиме дистанца не да мавтаме со борбени знамиња. На секој кој страда во овој момент му давам поддршка нема врска на која страна е, небаре сме на фудбалски натпревар.- вели Јанко како коментар на македонската стриктна определба за поддршка на едната страна во конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…

Мицкоски се сретна со Зеленски во Лондон:…

Премиерот Мицкоски во Лондон се сретна со…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Кремљ ги засили мерките за безбедност на…

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин,…