Објавено на:

(Видео) Експлозија во Абу Даби: Експлодирала плинска боца во центарот на градот – Дали се работи за терористички напад?

t

Тимовите за цивилна одбрана во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, рано утринава го изгаснаа пожарот предизвикан од експлозија на плинска боца, а според официјални лица нема повредени.

Цивилната одбрана на Абу Даби соопшти дека добила дојава за пожар десет минути по полноќ по локално време, кој бил предизвикан од експлозија на плинска боца во зграда во централното станбено подрачје, пренесува Ројтерс.


Специјализирани екипи го изгаснаа пожарот, превентивно ја евакуираа зградата и ја контролираа ситуацијата“, се вели во соопштението на цивилната одбрана.
Американската амбасада издаде предупредување во врска со „извештај за можен напад со проектили или беспилотни летала“.

На социјалните мрежи се појавија информации дека бунтовничките групи Хуту стојат зад нападот.
На една од снимките се гледа дека била активна и противвоздушната одбрана, а блескавата топка што паѓала може да биде дел од погодената ракета.

Очевидец рекол: „Итно! Експлозија во Абу Даби. Се сомнева дека биле испукани проектили кон градот“.
Обединетите Арапски Емирати се соочија со неколку напади од страна на јеменските Хути во последните недели.

Движењето Хути, кое се бори против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ги вклучува ОАЕ, ја презеде одговорноста за три напади врз ОАЕ, еден на складиште за гориво во Абу Даби во кој загинаа три лица на 17 јануари и два за кои властите на Емиратите велат дека биле пресретнати.

https://rs.sputniknews.com/20220209/eksplozija-u-abu-dabiju-panika-medju-ljudima-sumanjalo-se-na-raketni-napad-video–1134152440.html

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хорор во Кабул: Во експлозија во…

Талибанците ја потврдија експлозијата во џамијата во…

Џонсон утре ќе ги посети ОАЕ за…

Британскиот премиер Борис Џонсон утре ќе отпатува во Обединетите…

Македонец е еден од загинатите во експлозијата…

Македонски државјанин е меѓу загинатите во експлозијата…

Расте бројот на загинати во експлозијата во…

Во денешната експлозија и пожар во фабриката…

(Видео) Страшна експлозија во хотел во Куба…

Кубанските служби за итни ситуации трагаат по…