(Видео) Западот дојде до сателитски снимки кои предизвикаа паника: Русите ја распоредија војската уште поблиску до украинската граница

Нови сателитски снимки до кои дојде Си-Ен-Ен покажуваат дека големата база со руски тенкови, артилерија и други оклопни возила во близина на украинската граница е во голема мера испразнета, а опремата очигледно е поместена многу поблиску до границата.
Базата е во Јелња, југоисточно од градот Смоленск и на околу 418 километри од украинската граница. Големо количество оружје беше префрлено таму кон крајот на 2021 година, вклучувајќи околу 700 тенкови, борбени возила и фрлачи на балистички ракети, пишува Си-Ен-Ен.
Поголемиот дел од таа опрема сега недостасува, според сателитските снимки добиени на 6-ти февруари. На сликите може да се видат траги од возила кои заминуваат.
„Ми се чини дека значителна количина возила (тенкови, самоодна артилерија и други помошни возила) ја напуштија североисточната флота, дополнителни оклопни возила го напуштија централниот паркинг за возила“, рече Стивен Вуд, виш директор за сателитски снимки од компанијата Максар.
„Влегуваме во нова фаза“
Конрад Музика, експерт за следење на воените движења во Рочан Консалтинг, вели дека она што се случи во Јелња е една од неколкуте „важни промени во составот на руските сили и нивните локации“.
„Влегуваме во нова фаза каде што гледаме однапред поставени единици како се пополнуваат со дополнителен персонал и таа опрема најверојатно ќе биде преместена“, додаде тој.
Снимките на социјалните мрежи во последните денови покажуваат дел од таа опрема на возовите и патиштата многу појужно во регионот Брјанск, кој е блиску до Украина. Возилата се препознатливи од истите единици кои претходно беа поставени во Јелња.
„Знаеме дека Јелња е домаќин на елементи на 41-та армија на ЦМД (рускиот централен воен округ) кои пристигнаа од Сибир минатата пролет на полигонот во близина на Воронеж и чии возила подоцна беа преместени во Јелња“, рече рускиот новинар Руланд Левиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…
АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…
„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…
Манев тврди: Сакавме само грабнување, не убиство…
Обвинетиот Велибор Манев, преку својот адвокат Горан…