АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО СОБИРАЊЕ НА ОТПАДОТ ВО СКОПЈЕ: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана!
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој е виновен за проблемите на граѓаните со собирањето на комуналниот отпад во Скопје.
„Ако се прашувате зошто со месеци и години имате проблеми со собирање на комуналниот отпад низ Скопје, одговорот е поради Јулијана Спировска од ВМРО, која од судот во Република Македонија е осуден криминалец, а во исто време е претседател на Управниот одбор на Комунална хигиена избрана да раководи од ВМРО и Влен.
Со партиски инструираната работа на Јулијана како претседател на УО на Комунална хигиена Скопје документирана во записници со содржина, насоки и заклучоци, претпријатието под нејзино водство е хаос!
На госпоѓата која е со правосилна судска пресуда ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ, работите никако да и тргнат од рака да ги тера по пропис, па за денес во 13 часот закажала ТАЈНА ЗАТВОРЕНА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР.
Госпоѓо Јулијана, согласно правните акти и член 3 од Деловникот согласно кои ти си ДОЛЖНА да работиш, седниците на Управниот одбор на JП КХС се ЈАВНИ.
На седницата може да присуствуваат претставници на средствата за јавно информирање и да jа известуваат јавноста за работата, што и се надевам дека ќе го направат за да може да видат што си правела 3,5 години, а и за пресудата да можат да те прашаат како осуден криминалец уште има образ да носи јавна функција!
Директно го кршиш член 13 со тоа што Предлогот на дневниот ред треба да го утврдиш во соработка со директорот на JП КХС, а ти си тераш сама по насоки од штаб.
Директно го кршиш член 14 со тоа што материјалот со поканата за седницата на Управниот одбор не ги доставуваш на Директорот, Заменикот и раководните работници со посебни овластувана и одговорности, зошто сакаш во ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ да тераш ТАЈНИ СЕДНИЦИ, за да го доупропастиш претпријатието со кое УПРАВУВАШ!
Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана!“, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…