(Видео) Запален автомобилот на братот на пратеникот Јован Јаулески: Правда ќе има, ова не се заборава!

t

Јован Јаулески од пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека вечерва била запалена колата на неговиот брат.

-Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил.

Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин.

Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале.

Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам.

Не се плашиме затоа што немаме зошто.

Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели, затоа ова не може да се разбере никако поинаку освен обид за заплашување преку испраќање ваква кукавичка порака.

Ама напротив, ниту ме заплашивте ниту ова ќе остане така.

ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ!

Ќе одиме до крај и ќе видиме каков проблем има и кој има.

Со ова ме правите поодлучен и посилен уште повеќе да се борам притв оваа криминална власт да си замине наскоро.

Правда ќе има, ова не се заборава! Бидете живи и здрави, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Видеото може да го погледнете и тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брука: Деца и родители се тепале во…

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог…

Поништена е акредитацијата на факултетот за здравствени…

Одборот за акредитација на високото образование на…

СКАНДАЛ ВО ТОЈОТА Ги фалсификувале тестовите за…

По овој скандал, Toyota Motor го суспендираше…

ЕУ започна истрага против МЕТА: „Фејсбук и…

Европската унија започна истрага против Мета, сопственикот…