(Видео) Зечевиќ од адвокатски услуги има инкасирано над 30.000 евра и тоа од 3 општини со кои раководеле кадри на СДСМ

t

Какошто на трибината викендов ветивме дека ќе објавуваме каде завршуваат народните пари – во џебовите на кадрите на СДСМ. Денеска продолжуваме со обелоденување на можеби најголемите бизнисмени од СДСМ. – Се вели во прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, која ја пренесуваме интегрално.

„Адвокатурата излезе најисплатлива професија во СДСМ.

После адвокатското друштво Калеска – Ванчева кое инкасирало 55.000 евра од адвокатски услуги, сега го имаме и вториот адвокат кој што со лесни пари од СДСМ ги заработи без многу да се помачи, а од пред еден месец стана и втор човек во партијата на власт.

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, од адвокатски услуги од 2019-тата до 2021 година има инкасирано над 30.000 евра и тоа само од 3 општини со кои раководеле кадри на СДСМ.

Општина Неготино, општина Пробиштип и Градот Скопје, додека биле под водство на СДСМ, за само 2 години му овозможиле и му дозволиле на генералниот секретар кој што е во моментов на СДСМ, Миле Зечевиќ како адвокат да инкасира над 30.000 евра.

Само од три општини заработил толку. Кој ли знае уште колку пари земало неговото адвокатско друштво од други институции и јавни претпријатија?

Дали има еден просечен адвокат во Република Македонија без партиски повластувања кој заработува вакви лесни пари како што заработиле Миле Зечевиќ и Калеска – Ванчева?

И кога ќе размислите вака, зошто не прекинува и се шири грабањето на државните пари од сите ешалони на СДСМ, функционерски ешалони, одговорот е многу јасен, го гледаат врвот и продолжуваат надолу сите останати.

Очигледно е дека ништо не се менува во СДСМ и ги интересира единствено власта за да се здобијат со бенефиции и финансиска тежина, па така ќе продолжат да функционираат и во иднина. Не очекуваме ништо да се смени во иднина. Може да биде само полошо. Замислете кога членовите на СДСМ и сите надолу гледаат како заработува лесни пари генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, замислете колку тие самите ќе се обидат да надокнадат и да заработат во било какви коруптивни зделки. И за тоа секојдневно имаме афера до афера која што за жал не завршува кон граѓаните оправдано, односно да излезе правдата на виделина, затоа што оваа власт ги има правосудните органи под себе.

СДСМ и нивните функционери како Зечевиќ, Калеска – Ванчева и останатите, ги интересира власта единствено за личен бенефит.

Прашање: Коментар во однос на преписките ДУИ, односно Али Ахмети.

Одговор: Оттука би сакал само да потенцирам и да повторам дека е добро што Ахмети на крајот признава дека покрај СДСМ главната причина за неуспех во Република Македонија и тоа е она што го говориме подолг период е ДУИ. А, уште полошата вест за граѓаните и за Република Македонија е што тоа нема да запре, уништувањето на Република Македонија туку заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата и тоа ќе трае се додека не бидат сменети од власт. Она што е многу важно е ДУИ да не ја монополизира улогата кај Албанците, бидејќи ако за ДУИ некогаш беа важни Албанците немаше да бидат најголемите лопови и да ги крадат со тендери и да ги пљачкосуваат. И да не прават ништо корисно за нив.

Секогаш кога Ахмети сака да се додвори кај некој странски фактор, тој веднаш се откажува од Косово, а секогаш кога треба да крадат и да им врват тендери во четири очи зборуваат во јавноста за патриотизам, нормално за да никој не се интересира и никој не гледа како тие ги крадат и пљачкосуваат граѓаните. Критиките кон ДУИ, ова е многу важно уште еднаш го потенцирам, критиките кон ДУИ како политичка партија и коалиција односно дел од власта не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои што ги злоупотребуваат сите граѓани вклучително Албанците за да можат да продолжат понатака да крадат. Сиромаштијата не бира по партии, не бира по националност, не се бира по етникум. Туку сиромаштијата е присутна кај сите граѓани во Република Македонија, и кај Македонците, и кај Албанците, и кај Србите, и сите останати, само затоа што двоецот на власт СДСМ – ДУИ краде.

Прашање: Коментар во врска со образовните политики кои што се одразуваат лошо на светските ранг листи.

Одговор: Ние не ни очекувавме ништо поразлично освен пад на светските ранг листи во однос на образовните политики и тоа фијаско кое што во моментов се случува во образованието со Ковачевски и СДСМ и УКИМ со драматичен пад од 100 места на скалата на најдобри универзитети е многу евидентно и тоа е јасно. За жал ние останавме како слепо црево, односно нашите универзитети и образование како слепо црево на Балканот, само затоа што никој, ама баш никој не се обидува да инвестира и да се справи со проблемите во образованието. Практично го рушат се повеќе. Лошиот рејтинг на УКИМ како прв државен универзитет и најголем во Република Македонија, е единствено поради лошите политики во образованието.

Ниту еден чекор, двоецот СДСМ – ДУИ, криминалниот двоец СДСМ – ДУИ не направија изминативе пет години нешто за да го поткренат квалитетот на образованието во Република Македонија. Во ниту еден момент не видовме ниту напредок во човечкиот капацитет во високо образование, ниту инвестирано во човечки капацитет, ниту инвестирано во било каква опрема во образованието. И тоа е истата онаа власт во која што Ковачевски беше заменик министер за финансии, а сега е насаден за премиер од оваа партија. Секој ден поминат повеќе на чело во државата со двоецот СДСМ – ДУИ односно Ковачевски, Ахмети, Артан Груби и останатите, образованието, УКИМ и сите сегменти и сектори на образованието се повеќе ќе тонат. Затоа за да се спречи и криминалот на ДУИ – СДСМ, но и да се спречат уназадувањата на образованието во Република Македонија потребни се предвремени парламентарни избори каде што оваа власт ќе падне и конечно ќе почне да се работи за добробит на државата и граѓаните.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петре Шилегов знаел за рамковните вработувања во…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…