(Видео) Златно дете: Македонија била една од најголемите империи, поголема од Римската и Османлиската – Македон импресионира со знаењето од историја

t

„Македонската империја била една од најголемите империи во Европа, со површина од 5,2 милиони километри, поголема од Римската и од Отоманската империја“ – со овие зборови малиот Македон од Тетово го започнува своето излагање во видеото.

Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски (7) одржа лекција по историја на социјалните мрежи и уште еднаш импресионира со сопственото знаење.

Тој уште еднаш покажа дека неговата желба за знаење не познава граници, па одлучи на дело да покаже што научил.

Знаењето на Македон, кој во моментов говори 4 јазици (германски, англиски, кинески и арапски) оди дотаму што точно знае географски да објасни каде се наоѓала империјата и колкава површина зафаќала.

Видеото во кое тој на англиски јазик говори за големината и пространоста на Македонската Империја, беше објавено на Фејсбук од страна на неговиот татко Владимир Димитровски.

„Македонската Империја била една од најголемите империи во Европа, со површина од 5,2 милиони километри, поголема од Римската и од Отоманската империја.

Земјата беше само една од двете земји во историјата што се протегала на три различни континенти, а тука спаѓаат Македонската Империја и Умејадскиот Калифат, кои што се протегале на територијата на Европа, Азија и Африка.

Иако денес има земји што се протегаат на два континенти, како Панама, Русија, Египет и други, Македонија била посебна затоа што била 23-та најголема држава во историјата, а Омејадскиот калифат бил 10-ти по големина.

Владетел на Македонската империја бил Александар Велики, но нешто се случило, навистина, не знам како се распаднала, но тоа била голема империја“ – вели Македон.

За мало потсетување, Умејадски Калифат е вториот од четирите исламски калифати кои биле основани по смртта на пророкот Мухамед, воспоставен во 632 г.н.е. , а за време на најголемата експанзија тој се протегал на површина од 11 милиони и 100 илјади километри квадратни.

Како што претходно таткото на Македон, Владимир појасни во изјава за CRNOBELO.com Македон во моментов е во фаза на проучување историја и географија, а особено го интересира начинот на кој се развивале и како се менувале државите.

Македон неодамна освои златен медал на натпреварот „Математика без граници“ во конкуренција на 4.000 други учесници од 22 земји во цел свет, кој што се организира преку менторите во училиштата.

Извор: Црнобело

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Атанасовски: Се наметна националистичка теза дека целата…

По усогласените препораки на македонско-бугарската Комисија за…

Тивко е на “Ножот”: 45 комити на…

Кај селото Ракле, Прилепско, на планинскиот врв…

БОМБА: Бугарија спрема вето и нова историја…

Бугарија, охрабрена од поддршката што ја добива…

Koj e тој функционер? – Имав закани…

Во комисијата за историја во даден момент…

(Видео) Златно дете: Македонија била една од…

„Македонската империја била една од најголемите империи…