(Видео) Терористичките акции на ВМРО никогаш не биле насочени против цивили или масовно убивање на цивили!

t

Во својот Устав, посебно во правилниците стои дека ВМРО меѓу другото ќе се бори и по пат на тероризам преку употреба на терористички средства, од оваа гледна точка тоа делува драматично но во тоа време Македонија била под окупација и вооружената борба била единствен начин за борба за слобода, вели во денешната епизода на Тешки муабети историчарот Никола Жежов.

– Атенаторите биле посебно избрани и смееле да делуваат само во одредени околности, само по осуда изречена од Организацијата, не на сопствена рака. Ако некој произволно се обидувал да дејствува со терористички средства следувала ликвидација на оној кој се дрзнал да го погази Уставот.

Тоа е револуционерна организација, не место каде работите се решавале со два прста, оној ко влегува не можел да излезе кога сака. Тоа го има во документите на самата организација, има вооружени, терористички чети и слично. Па која револуционерна организација во Европа и светот го има исклучено теророт како дејствување?

Терористичките акции на ВМРО никогаш не биле насочени против цивили или масовно убивање на цивили, дури и солунските атентатори не убивале цивили. ВМРО кога делувала терористички секогаш објаснувала зошто е тоа така, вели Жежов кој како единствен пример за цивилни жртви ги посочува Магарешките атентати во предвечерието на Балканските војни кога загинале неколкумина цивили на пазарите во Штип, Кочани, Дојран…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…