(Видео) „И зошто ми иде да плачам ко дете…“ – Комити им оддадоа почит на жртвите во Кочани

t

Фудбалскиот клуб Вардар во соработка со Црвена Звезда организира хуманитарен натпревар во чест на загинатите во страшниот пожар кој се случи во Кочани пред точно еден месец. На нашиот најголем стадион, националната арена „Тодор Проески“ пред околу 20.000 навивачи се одигра оваа средба. 

Во пресрет на натпреварот навивачката група „Комити“ имаше посебна кореографија посветена на жртвите во трагедијата. Стихот од песната „Тешкото“ од Блаже Конески беше спружен и истакнат по целата западна трибина: „И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик“. 

Притоа, со кореографија на голем дел од трибината посветена на Кочани скопските навивачи „Комити“ им оддадоа чест на трагично загинатите сонародници.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…