ОЈО ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани
Откако за време на вчерашниот протест во Кочани родителите на загинатите истакнаа дека не го разбираат обвинението, ниту им е јасно кој е дел од обвинението, за кого се запира постапката и зошто, ЈО денес истакна дека ќе организира средба со родителите.
– Јавното обвинителство стои на располагање и доколку семејствата имаат такво барање во следните денови ќе организира средба на која ќе ги информира за сите аспекти од поднесеното обвинение без да ја нaруши натамошната постапка.
Воедно, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во обвинителството добија и директен контакт и им беше посочено дека сите семејства на жртвите можат во секој момент во обвинителството во Кочани директно да се информираат за текот на постапката, велат од ОЈО.
– Ние родителите сметаме дека е од суштинско значење ОЈО Кочани конечно целосно да не запознае со содржината на истражната постапка и обвинителниот акт, кои лица се опфатени и кои лица се изземени од одговорност. Неприфатливо е за нас како родители да добиваме информации преку медиуми или неофицијални канали. Имаме право да знаеме. Посебно загружува фактот што и покрај нашите укажувања и конкретни наоди одредени лица не се повикани ниту на распит. Барањето официјално ќе ви биде доставено во иднина. Нашата борба е тешка, но праведна, вели мајка на загинато дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…