(Видео) И средношколците се поделија: Со кого се консултирал Павлиќевиќ пред јавно да изнесе ставови во име на сите нас? Ние ги поддржуваме наставниците

t

Сакаме да реагираме на вчерашниот настан на претседателот на Сојузот на средношколци во гостувањето на телевизија Сител. Воедно прашуваме со кого се консултирал Лука Павлиќевиќ јавно да изнесе ставови во името на сите средношколци кои се спротивно на мислењето на мнозинството од нас, реагира средношколецот Петар Мицкоски на денешната изјава пред Министерството за образование.

Оттаму, Мицкоски прашува од каде е правото на Павиќевиќ да врши притисок врз професорите, додавајќи дека тие како средношколци ги поддржуваат барањата на професорите за достоинствени плати кои како што рече ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман.

-Каде претседателот на сојузот ги носел одлуките и кој му дава за право без да праша и без наша дозвола да врши притисок врз професорите. Ние како средношколци сме свесни дека е важно наставата да продолжи и ние сакаме да има настава. Но, истовремено сме свесни за тежината на наставничката професија која покрај доброто образование бара и дополнителен личен ангажман на секој професор со учениците. Наставниците се наши втори родители како што училиштето е наш втор дом затоа ги поддржуваме нашите наставници во барањето за достоинствени плати кои ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман. Наставниците ја креираат иднината на општеството и заслужуваат да бидат наградени за тоа, дециден е средношколецот Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ЈСП: Средношколците ќе можат да користат бесплатен…

ЈСП ги информира средношколците кои ги исполнуваат…