Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето на Таравари од Владата со порака „Среќен пат и добро здравје“

t

На премиерот му е јасно дека Таравари заминува во опозиција. Вели дека тоа нема да предизвика потреси во владата која има речиси двотретинско мнзоинство, но изрази разочарување од потегот на доскорешниот партнер посочувајќи дека Таравари има поддршка од малкумина сопартијци за потегот што го презема
Мицкоски не може да го разбере трансферот на Таравари од власт во опозиција. Денеска, при посетата на скопско Инџиково, Мицкоски рече дека ги слушнал изјавите на актуелниот министер за здравство, не ме му се јасни причини за неговото заминување, особено што заминува, како што рече, во прегратките на Али Ахмети и ДУИ.
Тоа е сепак негова одлука и убеден сум, одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од оваа влада. Чесно беше и доблесно тоа самиот да го направи, да не је влече за нос владата и граѓаните, но ете, полека но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои што повеќе од две децении ја пустошеа, ја криминализираа, ја ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена и тоа важи за сите граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби или останати“,
Иако спомена дека не сите во Алијансата се согласуваат со Таравари, Мицкоски не прецизира дали некој од членовите на владата ќе си останат или можеби ќе се бара ново партнерство со друг политички субјект, бидејќи со заминувањето на Таравари власта ќе остане покуса за пет пратеници.

„Времето ќе покаже дали ќе биде така. Владата има близу две третини поддршка во парламентот и посветена на проекти, реформи и одлучна борба против криминалците и корупцијата. За жал, против оние, за жал, на кои им се придружува Арбен Таравари“,

потенцира Мицкоски.
https://www.facebook.com/share/v/1AJD8Jj5d6/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…