(Видео) Канада ги растера камионџиите, мостот Амбасадор ослободен

Канадската полиција ги растера сите преостанати демонстранти кои шест дена го блокираа американскиот граничен премин поради ограничувањата воведени во земјата во борбата против ковид-19, што го попречи протокот на производи меѓу двете земји. Канадските камионџии го блокираа мостот Амбасадор, кој го поврзува канадскиот град Виндзор во провинцијата Онтарио со американскиот град Детроит, во знак на протест поради сертификатите за вакцинација. Ова ги принуди автомобилските компании привремено да ги затворат фабриките или да го намалат производството.
Канадскиот суд нареди итно деблокирање на мостот во петокот, но неколку десетици луѓе останаа на блокадите. Во полициското соопштение се наведува дека десетици луѓе се уапсени и запленети неколку возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масакр во Канада: Tинејџер ја застрела мајка…
Шеснаесетгодишен тинјеџер пукал во мајка си и…
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…
Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…
Најмладиот пациент во Македонија што оди на…