(Видео) КАФЕ ПРЕД „ЛЕКУВАЊЕ“: ИВА МИХАЈЛОВА СНИМЕНА ДЕН ПРЕД ДА ИЗБЕГА ВО БУГАРИЈА
Ива Михајлова, за која во медицинската документација се наведува сериозна здравствена состојба и ризик да заврши во инвалидска количка, само еден ден пред да ја напушти Македонија била снимена во ресторан во Кочани, во друштво на момче.
Следниот ден Михајлова ја напуштила државата и избега во Бугарија, каде што, според нејзините изјави, требало да продолжи со медицински прегледи и лекување.
Документот за нејзината здравствена состојба го потпишал неврологот Иван Барбов. Во периодот кога СДСМ беше на власт, Барбов беше назначен за медицински директор на Клиниката за неврологија.
Барбов има и заеднички фотографии со поранешниот премиер Зоран Заев и Венко Филипче, а тројцата во 2019 година присуствуваа и на настан организиран од Владата.
Случајот дополнително доби на тежина откако беше утврдено дека Михајлова нема евидентиран излез од Македонија на ниту еден официјален граничен премин, иако против неа биле во сила судски мерки за ограничување на движењето и преминувањето на државната граница.
Во меѓувреме, по Михајлова е распишана и меѓународна потерница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) КАФЕ ПРЕД „ЛЕКУВАЊЕ“: ИВА МИХАЈЛОВА СНИМЕНА…
Ива Михајлова, за која во медицинската документација…
Папата Лав XIV опериран во Рим, зафатот…
Папата Лав XIV денеска попладне беше успешно…
Утре без струја делови од Карпош и…
Дел од корисниците во скопските општини Карпош…
Михајлова никогаш не се извинила на семејството…
Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата…
Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова
Министерството за внатрешни работи распиша централна и…