(Видео) Ковачевски: НАТО сојузниците се обединети за Украина – Maкедонија е подготвена да прими бегалци
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, пред почетокот на вонредниот НАТО самит изјави дека Алијансата е обединета и дека ќе се разговара зајакнување на источниот дел на Сојузот денес.
-Сите НАТО сојузници се обединети, ќе ја пружаме нашата поддршка до сите слободни луѓе во Украина, ќе останеме обединети и Македонија како земја членка веќе е усогласена со надворешната политика на ЕУ, а ги усогласи и сите свои одлуки со членки на НАТО и ЕУ за да се одврати Путиновата Русија од напад врз Украина, веруваме дека мирно решение е единствениот пат, изјави Ковачевски.
Тој додаде дека Македонија е подготвена да ги прими сите бегалци кои што ќе дојдат во Македонија.
На дневен ред на шефовите на држави и влади во НАТО денеска ќе се разговара зајакнувањето на источниот дел на Алијансата. Како што најави генералниот секретар Јенс Столтенберг вчера, се очекува денеска да се донесе одлука за испраќање дополнителни борбени трупи во четири источноевропски земји.
Се очекуваат и разговори за дополнително зголемување на буџетот за одбрана на земјите членки на НАТО, кои истовремено се соочуваат со драстичен раст на цените на енергијата и секојдневните основни производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почна изградбата на автопатот Скопје – Блаце:…
Почнува изградбата на најсложениот и најтешкиот автопат…
(Видео) Драма во Хамбург: 23 луѓе три…
Дваесет и три лица поминаа околу три…
Двајца грабнувачи од демиркаписко добија по 6…
Двајца грабнувачи од село Корешница, демиркаписко, добија…
Турција се подготвува за најлошото: Во сценаријата…
Турското Министерство за одбрана се подготвува за…
Водно доби нов моторички парк од остатоците…
Нашето Водно од денес е побогато со…