(Видео) Ковачевски ја критикуваше Русија пред присутните на Самитот за војната во Украина – Одби воопшто да се сретне со Лавров

t

Премиерот Димитар Ковачевски уште невлезен во салата „Борис Трајковски“, кажа дека првата порака која ќе ја упати од Самитот на ОБСЕ ќе биде за Русија. Тој додаде дека нема да има билатерална средба со руската делегација, а состанокот очекува да е успешен.

„Најпрво, вчера имав средба со државниот секретар на САД кој беше тука, како и со министерот за надворешни работи на Велика Британија. Треба да бидеме свесни дека секоја земја различно испраќа порака до Русија. Некои тоа го прават со нивно неприсуство, некои со присуство и со јасно искажани ставови за неоправдоноста. Истото ќе го направам и јас на првото излагање. Едно е клучно, се надевам состанокот ќе биде успешен“, кажа Ковачевски.

Пред неговото доаѓање, пристигна рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Ова не е дипломатска победа на Русија, туку на ОБСЕ. Бидејќи беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Нема имам средба со Лавров“, додаде Ковачевски на влезот.

Koвачевски ниту во својата изјава пред присутните на самитот не ги поштеди Русија и Лавров, прочитајте и погледнете:

„Ние претседававме во најтешката година за ОБСЕ со оглед на тоа дека организацијата се соочи со голем број предизвици во светло на неоправданата агресија на Русија врз Украина, меѓутоа се надевам дека ќе бидат потврдени одлуките за избор на нов претседавач за избор на четирите најзначајни позиции во ОБСЕ, како и донесување на буџетот. Вчера имав средба со државниот секретар на САД, Блинкен, како и со министерот за надворешни работи на Британија, Камерун, ние треба да бидеме свесни дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија којашто Русија ја изврши врз суверена држава врз Украина, некои земји тоа го прават со свое неприсуство, а некои со јасно искажани ставови. Истото ќе го направам и јас во своето излагање“, истакна меѓудругото премиерот Димитар Ковачевски пред своето официјално обраќање на Самитот на ОБСЕ, кој се одржува со Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…