(Видео) Ковачки: Македонија мора да добие писмени гаранции дека никој веќе нема да го блокира нашиот пат кон ЕУ

t

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес конференција побара од Премиерот Димитар Ковачевски да даде гаранции за зачувување на јазикот и историјата во преговорите со Бугарија.

Го пренесуваме транскриптот од прес конференцијата во целост:

Почитувани,
Во преговорите со Бугарија, не смее да биде оспорена македонската национална посебност, ниту пак засебноста на македонскиот јазик.

Имаме информации дека дејствијата на Ковачевски во процесот на преговори се многу подлабоки од менување на Уставот, и внесување на Бугарите во Преамбулата. За оваа наша теза говори и фактот што се случи, а тоа е премиер кој води преговори да одбие национално единство и подадена рака за преговори. Се случи да одбие неспорна Декларација за Гоце Делчев, како и понуда да се разговара за секое отворено прашање.

Сето ова отвора сомнеж дека во прашање е многу повеќе од Уставот, а тоа е национално осакатување преку задирање во јазикот, историјата, па дури и со решение да не блокираат на европскиот пат. Затоа бараме писмени гаранции кон кои ќе се обврзе Бугарија, а зад чие барање ќе застане Ковачевски.

Ковачевски мора да знае дека привремената заслепеност од функцијата е минлива, и дека не смее да има пазарење на сметка на македонските национални интереси. И тоа треба да му го каже и на неговиот министер Бујар Османи.

Дополнително Ковачевски треба да побара гаранции и од Брисел, дека нема да има повеќе кочење на патот кон ЕУ, и безброј нови барања од Бугарија.

Како држава, премногу долго сме блокирани поради ирационални спорови кои немаат никаква врска со европските вредности, и премногу долго се молчи за апсурдите поради кои е блокирана Македонија на патот кон ЕУ.

Македонија мора да добие писмени гаранции дека никој веќе нема да ја блокира само заради тоа што не сакаме да правиме ревизии на историските вистини коишто се потврдени од антифашистичката коалиција во Втората Светска Војна.

Никој нема право да ни го оспорува членството во ЕУ и никој нема право да го блокира просперитетот на нацијата.

Овој народ одамна заслужи да ги отпочне преговорите со ЕУ, без никакви дополнителни толкувања и условувања.” – вели Ковачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија, Словачка и Латвија со најмала куповна…

Во 2023 година, реалната индивидуална потрошувачка (AIC)…

(Видео) Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува…

Коалициониот партнер на мандатарот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Борел предложил да се укинат санкциите за…

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…

Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…

Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…

„Европа повторно голема“ е слоганот на Унгарија…

„MAKE Europe Great Again“ односно „Да ја…