Бугарија останува со најниски цени во ЕУ
Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен раст на цената на основните прехранбени производи и услуги по претстојното воведување на еврото, Евростат неодамна објави дека Бугарија имала најниски нивоа на потрошувачка на домаќинствата во ЕУ во 2024 година.
Споредбена анализа е направена врз основа на цената на повеќе од 2.000 видови роба услуги што се широко консумирани во Европа. Индексите на нивоата на цените се индикатор за тоа колку единици од единствената валута се потребни за купување одредени количини на стоки и услуги. Тие се пресметуваат како односи помеѓу паритетот на куповната моќ и официјалниот девизен курс – национална валута/евро- пишува Сега.бг.
Меѓу земјите од ЕУ, највисоки вкупни цени се забележани во Данска – 43% над просекот на ЕУ, додека Бугарија има најниски потрошувачки цени, кои се 40% под просекот на ЕУ.
Всушност, студијата на Евростат опфаќа вкупно 36 европски земји – а некои од нив се од Европската Унија. Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, имаат повисоки цени за низа стоки и услуги од Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…