(Видео) Куче открило дека колачињата не се за него, неговата реакција го крши срцетo
Кучето Тајко, од расата унгарска визла, стана вирално на ТикТок поради неговата реакција на колачињата кои ги испекла неговата сопственичка.
Имено, сопственичката му рекла на Тајко дека кексите не се за него, а по изразот на неговото лице можеме да видиме колку тоа го разочарало.
„Тој е на работ на солзи“, напишала неговата сопственичка во објавата која ја погледнале повеќе од половина милион луѓе.
„Ова ми го крши срцето“, „Како си можела да го направиш тоа“, „Веднаш дај му закуска!“, „Го обожувам неговото лице“, „Направи му кекси во кои може да ужива“, напишаа корисниците на ТикТок во коментари под објавата.
@tycho.the.vizsla Fighting back the tears 😢#vizslasoftiktok #dogsoftiktok #funnydog #inthearmsofanangel #saddog #dogtreats #cutedog #spcacommercial #chocolatechipcookies #tycho #foryoupage
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платата на најплатениот лидер во светот се…
Владата на Сингапур објави зголемување на годишните…
ПИСА 2025: Македонија под меѓународниот просек —…
Резултатите од меѓународното тестирање ПИСА 2025, коишто…
Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…
Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Итна воздушна тревога во шест…
Романскиот Генерален инспекторат за вонредни состојби (IGSU)…
Честитка од Марко Рубио: САД се горди…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка…