(Видео) Лавица избега во Истанбул, во тек е голема потрага

t

Безбедносните служби во Истанбул веќе 12 часа трагаат по лавица која синоќа била забележана како се движи низ населбата Ускумрукој, објави „Туркије“.

Животното првпат било забележано на безбедносните камери, по што жандармеријата испратила свои екипи во областа и ги засилила безбедносните мерки. Во потрагата се вклучиле и екипи на Генералната дирекција за заштита на природата и националните паркови на Турција, како и општинските служби.

Според информациите, надлежните успеале да ја пронајдат лавицата и се обиделе да ја успијат со стрела, но не успеале да ја фатат. Животното било забележано и со термални камери, но во текот на ноќта екипите повторно ја изгубиле од вид.

Арда Коч, жител на населбата кој пријавил дека го видел животното, раскажал дека почнал да вози низ околината откако слушнал дека е забележана лавица, надевајќи се дека и самиот ќе ја види.

Тој рекол дека се загрижил за безбедноста на жителите, бидејќи во населбата живеат многу семејства со деца.

Додека возел, лавицата ненадејно се појавила пред неговиот автомобил и го исплашила. Коч веднаш ја повикал жандармеријата, чии припадници пристигнале на местото за пет минути.

Според последните информации, потрагата по лавицата продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Лавица избега во Истанбул, во тек…

Безбедносните служби во Истанбул веќе 12 часа…

Во поплавите во Истанбул загинаа најмалку три…

Најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани…

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по…

Меѓународниот аеродром во Истанбул постави европски рекорд…

Силна бура го погоди Истанбул, авионите не…

Силна бура го погоди Истанбул денеска, носејќи…

Половина милион луѓе се собраа во Истанбул…

Илјадници луѓе се придружија на новогодишниот собир…