(Видео) Лyдило на власта и нов ckaндал: Сашо Мијалков бил држeн во притвop 7 часа без законска основа

t

Адвокатот на Сашо Мијалков Ѕвонко Давидовиќ го обвини министерот за правда, Бојан Маричиќ за скандалозен притисок врс судската власт.

-Министерот за правда изврши невиден политички притисок како извршна власт и врз судството и врз судскиот совет што кажува дека извршната власт не е спремна да се откаже од влијанието на судската власта и дека најверојатно не и е јасно дека судството е на толку ниски гранки да ова што се случи вчера само го урнисува уште повеќе, вели тој.


Сега по однос на притворот на Мијалков, правосудните органи се наоѓаат во досега невидена ситуација каде за еден човек во исто време има притвор, гаранција и мерки за претпазливост што недозволиво и спротивно на сите прописи и меѓународни стандарди.

-Основниот кривичен суд немаше доблест, а и не смее и не може да ја укине гаранцијата и сега према Мијалков имаме цел Закон за кривична постапка применет, имаме притвор, гаранција и мерки на претпазливост што е недозволиво и спротивно на сите прописи и на меѓународните стандарди. Основниот суд не може да ја укине гаранцијата, не можеме ни ние затоа што тоа решение на Апелациониот суд нема право на жалба, тоа е правосилно и во сила она што треба да го сработи. Во сила е решението на Апелација, во сила е решението на основниот Кривичен суд. Од таа причина не можеме да ја избришеме гаранцијата е под хипотека, додаде тој.

Она што Давидовиќ го открива, а е најскандалозно е фактот што неговиот клиент Сашо Мијалков цели седум часа бил држен во притвор без законска основа, односно решение за притвор!

-Сашо Мијалков вчера беше држен во притвор без да има кон него одредена мерка притвор. Во тој момент немаше активна мерка освен гаранцијата која стапи на сила во мигот кога беше впишана во катастер во 14 часот. А во 21 часот дури му беше врачено новото решение на основниот кривичен суд, потенцираше тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…

Командирот славел за купување на противпожарна скала:…

Во соопштение до јавноста, денес од ВМРО-ДПМНЕ…

Драги Рашковски треба да оди во притвор…

Рашковски би требало да е во ефективен…

Огромен скaндал на ЕП во ракомет

Еден од најдобрите ракометари во светот Никола…

(Видео+фото) Спроведен во притвop возачот кој синоќа…

22 годишниот Јордан Ѓ. пред малку беше…