Таткото на Вања останува во притвор!

t

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која беше киднапирана и убиена во декември минатата година – останува во притвор. Одлуката е донесена од Апелациониот суд Скопје откако таму вчера се одржа јавна седница на која се расправаше по барањето на одбраната на Ѓорчевски за укинување на неговиот притвор.

Барањето за укинување на притворот Апелација го одби како неосновано и дополнително го потврди решението од Кривичниот суд со кое на Ѓорчевски му се продолжува мерката притвор за уште 30 дена.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, информираа денеска од скопска Апелација.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е правен застапник на Ѓорчевски, бараше укинување на неговиот притвор поради тоа што, како што вели, досега не е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основано сомневање за сторено кривично дело ниту, пак, им е овозможен увид во предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Побаран притвор за 19 годишникот од село…

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…

Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…

Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…

Шест лица одат во притвор, осомничени за…

Го киднапирале, па му рекле дека ќе…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…