(Видео) Македонец се раѓа: Шампионот во УФЦ, направи пунети пиперки, шопска и колбаси – Видеото заврши со песна од Војо Стојановски
Александар Волкановски е Македонец од Австралија шампион во мешани боречки вештини, моментално настапува за Ultimate Fighting Championship (UFC), каде што е актуелен шампион во перо категорија на UFC.
Волкановски е и поранешен шампион во перо категорија на Австралија во боречки шампионат (AFC). Пред неговото деби во УФЦ, Волкановски се натпреваруваше како професионален боксер до 2015 година.
Неговиот татко е по потекло од село Беранци во близина на Могила додека неговата мајка е по потекло од Егејска Македонија.
Волкановски ја негува македонската традиција и редовно се фотографира со сонцето од Кутлеш.
Во своето најново видео тој готви традиционална македонска храна, шампионот во УФЦ, направи пунети пиперки, шопска и колбаси погледнете како го негува македонското наследство.
Видеото заврши со песна од Војо Стојановски, „Свадба е голема“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Благ пораст на цените на храната на…
Цените на храната благо пораснаа во април,…
Законот за нефер трговски практики да важи…
Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…
Николовски: За една година се регистрирани нови 2.508…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо…
Замрзнатите цени на храната продолжени до 29…
Од Владата информираат дека на денешната владина…
Сите кои моментно се наоѓаат кај Беровско…
ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои…