Објавено на:

(Видео) Масовен линч врз ограбувачите кои „оперираат“ низ урнатините во Турција

t

Двајца полицајци брутално ги тепаат со палки и примитивно ги навредуваат. „Луѓето лежат под урнатините, а вие гадови крадевте тестенини? Ние ве дочекавме во нашата земја, а вие што правите? Крадете?“ полицаец им прска со бибер во лицата на беспомошните мажи. Друг вика од позадина: „Скршете им ги крадачките раце“.

Се повеќе вакви видеа се појавуваат на социјалните мрежи. Турската организација за човекови права ИХД досега има регистрирано помалку од десет случаи на насилство. И речиси сите доаѓаат од Хатај.

Според турската агенција за заштита од катастрофи АФАД, повеќе од 12.000 тешки машини работат во целата област погодена од земјотресот за отстранување на урнатините. Шатори погодни за зима, греалки, генератори за струја, вода, храна и лекови се уште се многу потребни. Искршените водоводни цевки и недостатокот на тоалети го отежнуваат сложеното секојдневие на преживеаните и помагачите. На некои места се мешаат мирисите на искршените канализациони цевки и телата кои се распаѓаат, велат жителите.

Во таа ситуација, десничарските популисти и националисти шират омраза, пред сè, кон бегалците и дискриминираните малцинства. „Сириец ограбил супермаркет, а украл и кондоми“, се тврди. Се шири фотографија од пакување со кондоми.

„Турција не е способна ниту да се грижи за сопствените граѓани. Исфрлете ги бегалците“, напишаа корисниците на социјалните мрежи. Тагата се претвора во гнев и очај. И сѐ почесто дури и невините луѓе се сметаат за разбојници.

Во едно видео двајца мажи од Хатај зборуваат за тоа како биле тепани од полицијата. „Се враќавме дома од аптека“, вели постариот. „Бевме запрени од полицијата. Имавме лекови за нашите родители во рацете. Мислеа дека сме разбојници и нѐ претепаа. На крајот само нѐ оставија да лежиме на улица“. На лицето му се гледа црвена модринка од ударот. Околу десното око има модринка. „Ве молиме откажете ги сите видеа што нè прикажуваат како ограбувачи. Ние не сме разбојници“, ги замоли тој корисниците на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…