(Видео) Масовна тепачка поради лежалка, возрасен маж дивјачки ја претепал 13-годишната девојка
Во познат туристички ресорт во Каталонија се случи масовна тепачка која ја потресе јавноста. Најтешко помина 13-годишна девојчица од Велика Британија, која остана со скршен нос и лице облеано во крв.
Сè започнало наизглед безазлено – девојчето седнало на празна лежалка покрај базенот, не знаејќи дека друга фамилија ја „резервирала“. Во секунда, ситуацијата ескалирала. Еден маж без маица полудел и почнал да ја удира девојчицата, додека друг ја влечел за коса. За кратко, во тепачката се вмешале и други гости, претворајќи ја сцената во хаос што очевидците го опишале како „Див Запад“.
Сведоци велат дека мажот не изговорил ниту збор – само се нафрлил врз детето. Паниката се проширила околу базенот, мајките вриштеле и извлекувале деца од водата за да ги заштитат од насилството.
Девојчето, крваво и исплашено, успеало да побегне, но зад себе оставило сцена на врескање, крв и метеж. Неколку други учесници во тепачката добиле модрици и посекотини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Масовна тепачка поради лежалка, возрасен маж…
Во познат туристички ресорт во Каталонија се…
Струмичанец го удрил своето 11-месечно бебе, во…
На 27.06.2026 во 02:45 часот во СВР…
Заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија
Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски…
Украина загуби борбен авион МиГ-29, пилотот успеа…
Украинското воено воздухопловство соопшти дека синоќа изгубило…
Со „Безбеден град” бројот на загинати во…
По воспоставувањето на системот „Безбеден град” за…