(Видео) Месец дена војна: Украина не ги затвора вентилите за рускиот гас – еве зошто
Месец дена војна, а рускиот гас минува низ украинска територија и гасоводи како во најдобри времиња. Блумберг се исчудува зошто Украина дури и под инвазија го дозволува ова. Разговараат со првиот човек на украинската нафтена компанија Нафтогаз, пренесува Офнет.
Како што објаснува Јуриј Витренко, тоа што не се гледа од далеку е дека парите што Русија ги плаќа за транзит на гасот се неопходни на Украина, а уште поважно од ова е што се додека Русија ја користи инфраструктурата, Русија нема да ја бомбардира инфраструктурата.
Едно од потпрашањата на Блумберг е како воопшто Русија и плаќа на Украина имајќи предвид дека земјата речиси е целосно сардисана со санкции.
Излезе дека целата работа е многу едноставна, масовните санкции имаат и некои масовни исклучоци кои им дозволуваат на Газпром банката и Сбербанк да функционираат во европскиот финансиски систем, и ваквите тековни трошоци да ги плаќаат во евра или долари, а не рубљи како што се претпоставува.
Извор и видео тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…