(Видео) Меѓу стоте уапсени мигранти во Србија откриен авганистански генерал и снајперист
Министерството за внатрешни работи на Србија денеска соопшти дека во близина на Суботица, на северот на земјата биле уапсени 109 мигранти, меѓу кои 25 лица од „безбедносен интерес“. Меѓу мигрантите нашле генерал и снајперист на авганистанската војска по кои Франција распишала меѓународни потерници поради најтешки кривични дела и тероризам, пренесе во четвртокот агенцијата Танјуг.
Покрај овие двајца, српското Министерство за внатрешни работи откриле уште 23 „лица од безбедносен интерес“ против кои ќе бидат преземени законски мерки. Во текот на акцијата на работната група за борба против криумчарењето луѓе и нелегални миграции во Радановачката шума во близина на српско-унгарската граница, пронајдена е и автоматска пушка со две рамки за неа и муниција, како и помало количество марихуана.
Еден од уапсените е идентификуван како Абдул Башир Хасани, познат како „Капетан“ офицер на поранешната авганистанска војска.
Другите мигранти, коишто не се во интересот на безбедносните служби, ќе бидат префрлени во прифатните центри, соопшти српската полиција.
Полицијата во Србија поради честите инциденти периодично спроведува засилени контроли на тековите на илегалната миграција на северот од Војводина каде во шумите и напуштените салаши се собираат мигрантите со намера нелегално да преминат во Унгарија.
Последните инциденти кон крајот на ноември во местото Хоргош на северот од Бачка имаше елементи на вооружен судир во кој потешко беше повреден еден дваесетгодишен мигрант. Во акција којашто следеше беа приведени околу 600 мигранти, а пронајдени беше и автоматско оружје.
Хоргош е погранично место со бројни салаши во околината, во коишто, како што пренесуваат медиумите на унгарски јазик во Војводина, засолниште наоѓаат мигрантите додека го чекаат илегалното минување на српско-унгарската граница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите вo Скопје
Работите по една година од владата на…
ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето…
Во време кога владеењето на правото и…
Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира…
Оваа власт потполно го урниса здравствениот систем…
Страницата на партијата од Влен преименувана во…
Фејсбук страницата на партијата Алтернатива го смени…
Џеј Ди Венс: Не сме во војна…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева…