(Видео) „Мирните протести завршија“ – Ескалираа протестите во Бугарија поради Предлог буџетот за 2026 година
Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на протестите во главниот град на Бугарија, на протест против актуелната влада.
Освен во Софија, дополнителни над 30.000 демонстранти излегоа на улица и во повеќе од 10 големи градови низ Бугарија. Според информации од терен, причина за проширување на протестното движење е и како што велат граѓаните арогантниот и непочитувачки однос на владата кон граѓаните и приватниот сектор во текот на буџетските преговори.
Протестот е еден од најголемите во последните повеќе од 10 години. Луѓето го блокираа просторот пред поранешниот Дом на партијата, каде што сега се наоѓа Народното собрание. Тие скандираа „Мафија“, „Оставка“, „Кој не скока е свиња“, „Нема да дозволиме да нè лажат“, а стотици луѓе носеа постери насочени конкретно кон лидерот на партијата „ДПС – Нов почеток“, Делјан Пеевски, кој е санкциониран за корупција и е обвинет за прекумерно влијание врз владата.

Протестот започна мирно, но по 22 часот ескалираше и доведе до судири со полицијата во близина на седиштето на „ДПС – Нов почеток“. Момчиња со дуксери фрлаа колци, тенџериња и сообраќајни знаци, запалија канти за ѓубре и нападнаа полициско комбе. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…