(Видео) Митева: Ковачевски и Бучковски немаат легитимитет да ги водат преговорите со Бугарија
Ковачевски во духот на заевизмот очекува со премиерот на Бугарија да изгради пријателски однос. Додека бугарските медиуми предвидуваат дека средбата со Радев за Скопје ќе биде првиот тест за надворешната политика на новиот бугарски премиер Кирил Петков и за неговите односи со претседателот Радев, пиунот Ковачевски со иста реторика како неговиот ментор Заев продолжува да ги утврдува основите за натамошното преговарање, без притоа да каже јасен став или најмалку што може да направи, да ги осуди срамните изјави на бугарските политичари, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
-За разлика од Македонија, Владата на Бугарија редовно ги брифира политичките субјекти со цел да бидат запознаени во однос на преговорите. Бучковски, како специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија пак вели дека ќе продолжи таму каде што застанале преговорите за пакетот 5 плус 1. За Бучковски излезно решение од проблемот е новата стратегија што ја нуди Бугарија што е доволен показател во која насока ќе продолжат уривањата на македонските позиции и покрај низата скандалозни потези и неостварени ветувања Бучковски нема кредибилитет ниту доверба за да продолжи да биде на чело на преговарачките процеси. Додека Ковачевски и Бучковски сакаат да се промовираат како нова надеж во преговорите со Бугарија, Република Македонија продолжува да биде во најнеповолна положба. Ковачевски нема легитимитет да преговара и да ги води процесите во спорот со Бугарија од причина што истиот не му е доделен од страна на народот, туку пренесен од Заев кој ја доведе Република Македонија во оваа катастрофална положба. Лажно оптимистички изјави не му се потребни на македонскиот народ, потребна е дипломатска спремност, кадарност и решителност во преговорите, нешто што СДСМ преку пиунот Ковачевски и специјалниот претставник Бучковски не го поседува, истакна Митева.
Република Македонија има Резолуција изгласана во Собранието и од тоа никој никогаш не смее да отстапува. Со Ковачевски и Бучковски во тоа не сме сигурни, додаде таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…