(Видео) МРВ објави снимка: Запленето неверојатно количество дрога – еве што се случувало на скопскиот аеродром

t

Денеска полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога во соработка и координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Јавното обвинителство на Турција, Царинските служби на Турција и Северна Македонија, како и СЕЛЕК (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа) реализираа меѓународна полициска акција во која на скопскиот аеродром се запленети над еден тон прекурзор за добивање на амфетамински тип стимуланси, класифициран во прва категорија на националната листа на прекурзори, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во текот на вчерашниот ден, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција е спроведена акција во која полициските службеници од Министерството за внатрешни работи запленија 40 пакувања хемиска материја во вкупна тежина од 1105 килограми. Во акцијата се лишени од слобода две лица како дел од меѓународна организирана криминална група, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајцата осомничени.

Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење на опасност осомничените да се дадат во бегство, да се сокријат, како и да ги уништат трагите од кривичното дело и да влијаат врз сведоци, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничените.

Според лабораториските резултати добиени од примерок од пратката, станува збор за супстанца – прекурзор „1 Phenyl – 2 Propanone“ што според член 3 од Законот за прекурзори спаѓа во прва категорија согласно ратификуваните меѓународни договори и меѓународните нормативи и стандарди, истата е на листата за прекузори објавена од Министерството за здравство на која се наоѓаат сите недозволени хемиски материи што се надвор од легитимниот промет. Оваа хемиска материја позната уште и како Phenylacetone и Benzyl Methyl Ketone BMK (P2P) претставува прв прекурзор за добивање на амфетамински тип на стимуланс и се користи за илегално изработување на амфетамин, метамфетамин и МДМА – таблети екстази. Според првични проценки со запленетата количина на прекурсорот би се произвел амфетамин во вредност од над 50 милиони евра.

Акцијата е резултат на меѓународна соработка со цел да се открие криминалната група и лицата што вршат недозволена трговија со дрога, како и сите аспекти поврзани со оваа криминална активност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…