Објавено на:

(Видео) Над 4.000 лица евакуирани откако пукна брана во Русија

t

Над 2.000 станбени згради се поплавени во руската област Оренбург, досега се евакуирани повеќе од 4.000 лица, соопшти денеска канцеларијата на шефот на регионот и регионалната влада.

Како што пренесува РИА Новости, поради активното топење на снегот и подигнувањето на нивото на реките, од излевање се загрозени 2.556 станбени објекти и 6.886 приватни парцели на територијата на 29 општини.

Досега се евакуирани 4.208 лица, од кои 1.019 се деца.

Во центрите за привремено сместување се примени 427 лица, меѓу кои 132 деца.

Најтешка е ситуацијата во градот Орск, каде што вчера пукна браната што го штити градот од реката Урал.

Во тек е масовна евакуација од таканаречениот стар дел на градот Орск.

Од кабинетот на градоначалникот претходно соопштија дека браната е делумно оштетена на две места.

Одредени делови од областа Оренбург се без електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен македонски државјанин: Откажани трите концерти на…

Организаторите на три концерти на Тејлор Свифт…

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе…

Утре претежно во западните делови, а во…

„Лекар од пеколот“: Приведен 39-годишен доктор осомничен…

Полицијата во Берлин приведе 39-годишен лекар осомничен…

ЕДНИОТ ОД МАКЕДОНИЈА! Уапсени две лица во…

Двајца осомничени екстремисти се уапсени во Австрија,…

Халеви: Израел во состојба на готовност, ќе…

Израел е во состојба на висока готовност…