Објавено на:

(Видео) Над 4.000 лица евакуирани откако пукна брана во Русија

t

Над 2.000 станбени згради се поплавени во руската област Оренбург, досега се евакуирани повеќе од 4.000 лица, соопшти денеска канцеларијата на шефот на регионот и регионалната влада.

Како што пренесува РИА Новости, поради активното топење на снегот и подигнувањето на нивото на реките, од излевање се загрозени 2.556 станбени објекти и 6.886 приватни парцели на територијата на 29 општини.

Досега се евакуирани 4.208 лица, од кои 1.019 се деца.

Во центрите за привремено сместување се примени 427 лица, меѓу кои 132 деца.

Најтешка е ситуацијата во градот Орск, каде што вчера пукна браната што го штити градот од реката Урал.

Во тек е масовна евакуација од таканаречениот стар дел на градот Орск.

Од кабинетот на градоначалникот претходно соопштија дека браната е делумно оштетена на две места.

Одредени делови од областа Оренбург се без електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите…

СДС продолжува со ширење лажни, паушални и…

Убиен Милош Ѓуричковиќ, кај Цетиње пронајдено тело…

Милош Ѓуричковиќ (56), кого црногорските безбедносни служби…

Биткоинот падна на најниско ниво во последните…

Биткоинот, најголемата криптовалута во светот, падна на…

Поднесено обвинение за насилникот од Битола кој…

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог…

ЕУ ја спасува Македонија од пластичен отпад…

Европската унија од денеска, 21 ноември, го…