(Видео) Нашите иселеници се враќаат од странство – големи европски земји ќе банкротираат, вели министерката за финансии
Јас сега колку што се сеќавам, во изминатиот период во Владата претседателот имаше средби со наши иселеници кои што се враќаат. И на запад состојбите веќе не се такви какви што беа“ рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска по состанокот на Комитетот за јавни инвестиции.
Според неа, „Се очекува, тоа се некои проекции кои што ги имаат меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години големи европски земји, околу десетина, кои ќе банкротираат“
„Нашите луѓе кои живеат низ Европа гледаат каква е состојбата, што не можеме да кажеме за нас. Ние сме поздравени и од страна на ММФ и од страна на Светска банка“ порача министерката.
Само за споредба на фактите кои денеска ги пренесе министерката за финансии, „за шест проценти се намалил бројот на младите луѓе во Македонија меѓу двата пописа од 2002 до 2021. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години. Тоа е речиси колку што има население во Битола (74.550) – вториот по големина град во земјата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ослободен полицаецот од чиј пиштол беше ранета…
Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за…
Македонци, внимавајте: Нови строги правила за возење…
Летото 2026 може да донесе непријатни изненадувања…
Фетаи праќа поздрави од Тајланд
Вицепремиерот за политики за добро владеење и…
Ходаи: Иако куферчето ми е спакувано, многу…
Младинските политики во Северна Македонија постојат повеќе…
Бугарија во шок: Радијација детектирана во Софија!
Бугарија е во шок по откритието на…