Ослободен полицаецот од чиј пиштол беше ранета мигрантка – не се докажа умисла
Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за полициски службеник, од чиј службен пиштол била ранета мигрантка, откако во првостепената постапка не се докажа дека тој постапувал со умисла.
Во конкретниот случај, обвинението од страна на јавниот обвинител било поставено за кривично дело сторено со умисла. Според изведените докази во судницата, неспорно било утврдено дека оштетената мигрантка била погодена со куршум кој потекнувал од службениот пиштол на обвинетиот полициски службеник.
Сепак, фактичката состојба покажала дека непосредно пред испукувањето, додека обвинетиот имал оружје во рака, дошло до физички контакт и туркање со друго лице, по што следело испукувањето на куршумот. Првостепениот суд оценил дека ваквиот тек на настаните не докажува дека обвинетиот постапувал со умисла.
По укинувањето на претходната првостепена одлука и при повторното постапување на судот, јавниот обвинител не го изменил обвинението. Со оглед на тоа, првостепениот суд бил обврзан да одлучува исклучиво во рамките на така поставеното обвинение.
Бидејќи делото било поставено токму на основа на умисла, а истата не била докажана, судот донел ослободителна пресуда за полицискиот службеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ослободен полицаецот од чиј пиштол беше ранета…
Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за…
Македонци, внимавајте: Нови строги правила за возење…
Летото 2026 може да донесе непријатни изненадувања…
Фетаи праќа поздрави од Тајланд
Вицепремиерот за политики за добро владеење и…
Ходаи: Иако куферчето ми е спакувано, многу…
Младинските политики во Северна Македонија постојат повеќе…
Бугарија во шок: Радијација детектирана во Софија!
Бугарија е во шок по откритието на…