(Видео) Најмалку 12 загинати на Филипините поради монсунските дождови, осум лица исчезнати
Најмалку 12 лица ги загубија животите на Филипините во свлечишта и поплави предизвикани од обилните монсунски дождови, додека уште осум лица се водат како исчезнати, соопштија властите.
Повеќе од половина милион луѓе во 33 провинции се погодени од југозападниот монсун, кој дополнително е засилен од два тропски циклони. Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи пријавил и стотици оштетени домови и објекти од инфраструктурата, пишува „Блумберг“.
Најтешка е ситуацијата во планинскиот град Багио, на главниот остров Лузон, каде што четири лица загинаа, а шест се водат како исчезнати откако свлечиште затрупало неколку куќи.
Околу 150 спасувачи работат во смени во потрагата по исчезнатите. Локалните власти соопштија дека во Багио се регистрирани уште десетина свлечишта, а опасноста останува висока поради продолжените обилни врнежи.
Поради лошите временски услови и поплавите, претседателот на Филипините, Фердинанд Маркос Помладиот, на 10 август им нареди на владините службеници да работат од дома.
Во Метрополитен Манила и во повеќе од десетина провинции, на училиштата им е наложено да применат алтернативни начини на одржување на наставата, откако обилните дождови поплавија населени места и главни сообраќајници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Најмалку 12 загинати на Филипините поради…
Најмалку 12 лица ги загубија животите на…
25 години од загинувањето на осумтемина бранители…
Делегација на Генералштабот на Армијата и Министерството…
Нови пожари беснеат во Франција, власта се…
Шумски пожари повторно се закана во југозападна…
Вучиќ: На почетокот сме на голема војна
Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека светот…
ИЈЗ со препораки за постари од 65…
Лицата над 65 години се почувствителни на…