25 години од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски Бачила

t

Делегација на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година. Во рамки на одбележувањето ќе биде положено цвеќе на повеќе спомен-обележја во Ѓорче Петров, Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“.

Со активностите ќе се одбележи споменот на бранителите кои ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски, кој во 2000 година загина во вооружен напад врз полициска патрола во Арачиново.

Од Армијата истакнуваат дека со чествувањето се оддава почит кон жртвата и храброста на загинатите бранители. Делегацијата ќе положи венци и цвеќе на сите предвидени локации во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…