Објавено на:

(Видео) Најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб во Банкгок

t

Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, пред пожарникарите да успеат да го стават пламенот под контрола.

Пожарот бил пријавен околу полноќ. Снимките објавени од спасувачките екипи покажуваат пламени јазици како излегуваат од влезот на објектот во северниот дел на тајландската престолнина, додека луѓе се обидуваат да избегаат, а густ црн чад се шири над зградата.

Премиерот на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, соопшти дека 27 лица загинале во инцидентот, а неколку десетици се пренесени во болница. Причината за пожарот се уште се истражува.

Според властите, на пожарникарите им биле потребни околу 30 минути за да го локализираат пламенот.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат изгорени маси и столови, како и сериозно оштетен ентериер на локалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмалку 27 жртви во пожар во…

Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар…

Сопственикот на „Baking Bread“ ги демантира гласините:…

Пожар избувна вчеравечер во познатиот угостителски локал…

САД со серија напади врз Иран

Според Централната команда, САД спроведоа нов бран…

Иран ги нападна сите држави од Заливот…

Иран утрово соопшти дека погодил американски воени…

„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да…

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка…