„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да бидат безбедни“ – Славјанка Петровска понуди помош за семејството од Куманово
Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно понуди помош за Меланија од Куманово и нејзиното семејство, откако девојката преку јавен апел побара поддршка за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа.
Петровска соопшти дека нејзиниот тим е подготвен да помогне во обезбедување привремено безбедно сместување, а најави и иницијатива за обезбедување подолгорочна поддршка преку општествено одговорни компании, организации и хумани граѓани.
„Не смееме да дозволиме никој да остане сам кога бара помош. Не смееме да чекаме трагедија за да покажеме солидарност“, порача Петровска.
Таа упати апел до надлежните институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на семејството и да спречат каква било можност за ново насилство.
Во својата објава, Петровска ја повика Меланија да ја контактира преку Фејсбук за, како што наведе, веднаш да започнат со организирање конкретна помош.
„До Меланија и нејзиното семејство – не сте сами. Ќе останеме со вас и ќе помогнеме колку што можеме, сè додека не бидете безбедни“, напиша Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да…
Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка…
Вучиќ: Србија започнува со производство на хуманоидни…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
(Видео) Иранците објавија „црна листа“ на светски…
Италијанските разузнавачки служби се обидуваат да утврдат…
Денес во Скопје ќе биде основана Кинеско-македонската…
Во Македонија денеска ќе биде официјално основана…
Ќе нема струја 4 часа – Овој…
Планирани работи на електродистрибутивната мрежа денеска ќе…