(Видео) Најнеобичниот изборен инцидент: Граѓаните се „бореа“ со јарец за да стигнат до гласачкото место
Необична сцена го одбележа изборниот ден во бањалучката населба Поткозарје, каде јарец застана пред самиот влез на едно гласачко место и им го отежна пристапот на граѓаните.
На снимка објавена од „БЛ портал“ се гледа како животното упорно стои пред вратата, додека дел од гласачите се обидуваат внимателно да поминат покрај него.
Некои од присутните морале буквално да „одмерат сили“ со рогатиот чувар за да стигнат до гласачкото место и да го остварат своето право на глас.
Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни шеговити реакции, а корисниците коментираа дека гласањето во Поткозарје накратко било „блокирано“ од најнеочекуван можен чувар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападната електроенергетската мрежа во Австрија, 20.000 корисници…
Намерен напад врз електроенергетската инфраструктура во австрискиот…
Ракетен напад врз финансискиот центар во Ријад…
Најмалку 11 лица се повредени во ракетен…
Израел тврди дека Иран активирал тајни ќелии…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изнесе…
ТикТок не работи – пријавени проблеми со…
Популарната социјална мрежа ТикТок се соочува со…
Џонсон: Да испратиме европски војници во Украина…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон повика европски…