(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ ГЛУПАВИ И НЕМА ДА МОЛЧИМЕ! Родителите на загинатите со порака до полицијата

Не сме глупави, нема да молчиме, не ги штитете убијците, порачаа денеска родителите на загинатите во трагедијата во Кочани пред полициската станица во Кочани, за време на Маршот за ангелите.
– Да ве потсетиме, на 16 март 2025 Кочани замолкна. Во огнот на кабарето Пулс живи изгореа 62 млади души, над 200 беа повредени, половина беа деца кои немаа ни полни 13 години. Не сме ни слепи ни глуви, се видовме, се знаеме и нема да молчиме. Таа вечер беше отворен простор без лиценца, простор за 30 луѓе, внатре 500, како стока ги натрупаа нашите деца. Од алчност газдата пушти толку луѓе, сега се слободни и шетаат со исправени глави, ние не сме глупави ни наивни, на никого не сакаме зло, ама нека си го замислат една минута нивото дете над тие врати и бараме правда за секое едно дете што загина, Тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците, ако ви останало нешто човечно, вечна болка за нас, доживотна одговорност за вас, порача една од мајките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…