(Видео) Ништо лошо не му направиле на јагнето: Сточарот Мачевски вели дека станува збор за традиција
Здружението за заштита на животни Анима Мунди вчера објави видео снимка на која според нив група луѓе меѓу кои и инспектор од Берово се изживуваат врз животно. Побараа итно покренување постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство против беровскиот инспектор и трајно отстранување од вршењето на службена должност во институцијата.
Во реакција за случајот министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека е згрозен од монструозниот чин на инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, и најави итно постапување и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ.
Сточарот Александар Мачевски од пехчевското село Робово, пак, во врска со написот на Анима Мунди изјави дека снимката е лична и приватна направена во неговиот дом како традиција што секоја година се прави во домот на сточарите кога ги продаваат јагнињата.
-Се свири песната „Изгубеното јагне“ и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и ,заколено” и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушувате угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија против здружението, вели Мачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На денешен ден пред 36 години свечено…
Пред 36 години, на 12 август 1990…
Трамп: САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Лажен полицаец 18 месеци работел заедно со…
Извештајот на словенечкото Министерство за внатрешни работи…
Од денеска нови правила во ЕУ за…
Во Европската Унија од денеска на сила…
Гужви на границите: На Табановце и Богородица…
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово…