Објавено на:

(Видео) Нови тензии на Балтикот – Искендер на границата: Во пресрет на членството на Финска во НАТО голем воен конвој на руска страна!

t

Воениот конвој, во кој имало најмалку седум Искандер ОТРК, бил виден ден во правец на Виборг на границата со Финска.

Во пресрет, Финска и Шведска официјално ја објавија својата одлука за влез во НАТО.

Владејачките социјалдемократи во Шведска вчера (15.05) се изјаснија за приклучување на земјата кон НАТО. Со тоа се отвора патот за доставување барање за приклучување, со кое земјата би се збогувала од својата децениска неутралност.

Се очекува малцинската влада на премиерката Магдалена Андерсон да достави барање за приклучување во алијансата најбрзо што е можно. Андерсон вчеравечер изјави: „Утре ќе утврдам дека има широка поддршка во парламентот за барање на Шведска (за прием во НАТО, н.з.), по што ќе бидеме во состојба да донесеме владина одлука.“

Мнозинството во шведскиот парламент дава поддршка на ваквите намери. Големи делови од опозицијата веќе изразија согласнсот за барање за приклучување на земјата во НАТО.

Претходно Финска ја објави својата намера да се приклучи на алијансата. Претседателот Саули Ниинисто зборуваше за „историски ден“ за скандинавската земја. „Почнува нова ера“, рече претседателот.

На одлуката ѝ претходеше интензивна јавна дебата и сеопфатни политички консултации. И Ниинисто и премиерката Сана Марин водеа кампања за приклучување кон воената алијанса. Социјалдемократската владејачка партија на Марин, СДП, вчера се изјасни за ваков чекор. Со тоа е обезбедено мнозинство во финскиот парламент за влез во НАТО. Според последните анкети, и мнозинството од населението го поддржува ваквиот чекор.

Двете земји со децении ја одржуваа неутралноста кога станува збор за воени прашања. Руската инвазија го промени расположението на граѓаните, кои сега сакаат приклучување кон НАТО. Финска и Русија ги дели граница во должина од 1300 километри. Владата во Москва ги предупреди двете скандинавски земји дека ќе се соочат со „сериозни последици“ доколку се приклучат кон НАТО и се закани со стационирање атомско оружје во руската ексклава Калининград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напад со моторна пила во Лакавица, па…

Инцидент со моторна пила и дрвен предмет…

Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар…

НАТО ќе го брани секој сантиметар од…

Речиси сите летови во Белгија се откажани…

Речиси сите летови во Белгија ќе бидат…

Мицкоски шокиран од низата случаи на семејно…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…