(Видео) Нов непотистички скандал: Поранешниот градоначалник на Прилеп нелегално променил инвестиор на парцелаво центарот на градот?

t

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денес на прес конференција објави нов скандал и криминал на еден од поранешните градоначалници од редовите на СДСМ.

Станува збор за поранешниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, кој според ВМРО-ДПМНЕ, нелегално променил инвеситор на парцела во центарот на градот.

Го пренесуваме соопштението во целост:

“Почитувани,

СДСМ и Јавното обвинителство молчат за документиран криминал во Прилеп. Криминал за којшто директно е одговорен Илија Јованоски, поранешниот градоначалник од СДСМ во Прилеп.

Ред се редат кривични, а јавните обвинители никаде ги нема глас да пуштат. Да потсетам, согласно закон, за соучество во дело се смета и со постапување но и со непостапување! Во вториот дел, како соучесништво!

Досега неколку пати посочивме јавно за случајот во Прилеп. Јованоски прво на нелегален начин променил инвеститор на парцела во центарот на градот, за потоа новиот инвеститор, фирмата „Дино 99“, да изгради дивоградба објект, надвор од рамките на дозволениот проект и сето тоа е документирано од градежните инспектори од општината.

Постапката во тој случај е јасна, решението за градба треба да биде ништовно. Но, наместо поништување, Илија Јованоски на нелегален начин дозволил да се изгради дивоградбата со обид за измена на проект во градба. Нормално, надвор од законот.

Уште еднаш, честитки за градежните инспектори што документирале криминал и постапиле по закон, без разлика на притисоците на Јованоски.

А, прашањето на коешто мора Јованоски да одговори е: Дали целиот овој криминал е направен затоа што сопственикот на инвеститорот „Дино 99“ е близок роднина на Илија Јованоски?

Дали можеби ова требало да биде нова семејна зграда во Прилеп?

Дали Јовановски во Прилеп криминално дозволил семејна зграда за свој роднина?

Почитувани,

Пример за криминално водење на локална самоуправа беше Прилеп, како и за владеење на криминалот во градот. Локалните власти на СДСМ владееја по теркот на фамилијата од Струмица, да се земе сѐ и да се богатат на грбот на граѓаните.

Но, ќе дојде ден кога ЈО и правосудниот систем ќе излезат од скутот на мафијата и правда ќе има за се’! Да не се повтори картели и фамилии да ја водат државата по принципот на СДСМ.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски остави простор за промена на Уставот:…

Се потврдија наводите на високи претставници на…

Што се случува?! И наставник во Прилеп…

Битолската полиција вечерва го приведе 54 годишниот…

(Видео) Мицкоски нема да формира влада по…

Дури и да победи ВМРО-ДПМНЕ на следните…

Шокантна информација од Груби: Работиме на тоа…

Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа…

Маричиќ ја кани опозицијата да учествува во…

„Во наредните денови ќе објавиме кои имиња…