(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од телевизија“
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата, на новинарско прашање во врска со улогата на приведениот Александар Нацев, сопственик на агенцијата Рубиок која ја обезбедувала дискотеката ПУЛС во Кочани, даде одговор налик на „го знам само од телевизија“.
– Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 16-17та година, обавувал некаква функција тој период и тоа е последното нешто што го познавам и е поврзано со Александар Нацев, рече Мицкоски.
Александар Нацев инаку беше член на комисијата за одбрана и безбедност на ВМРО-ДПМНЕ, токму откако Мицкоски стана претседател на партијата.
Нацев беше и делегат на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кога за претседател беше избран токму Христијан Мицкоски.
Список на делегати на XI Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ
Под реден број 54 како делегат е токму Александар Нацев.
- Никола Груевски
- Емил Димитриев
- Кирил Божиновски
- Мартин Протоѓер
- Зоран Ставрески
- Гордаaна Јанкулоска
- Антонио Милошоски
- Сашо Мијалков
- Никола Тодоров
- Владимир Пешевски
- Коце Трајановски
- Илија Димовски
- Љупчо Трпевски
- Благоја Деспотоски
- Никола Бакрачески
- Владимир Ѓорчев
- Зоран Горгиевски
- Момчило Аврамовски
- Зоран Илиоски
- Никола Попоски
- Даниела Рангелова
- Владимир Неловски
- Бојан Стојаноски
- Нола Исмаилоска
- Фатмир Имеровски
- Миле Јанакиески
- Иво Ивановски
- Елизабета Канческа-Милевска
- Зоран Јолевски
- Диме Спасов
- Веле Самак
- Бил Павелевски
- Спиро Ристовски
- Марта Арсовска-Томoвска
- Ванчо Костадиновски
- Христијан Делев
- Билјана Бришкоска-Бошковска
- Анастасија Илиеска
- Божидар Петроски
- Игор Димитров
- Илија Ристовски
- Елизабета Тодоровска
- Анета Димовска
- Билјана Цветановска-Гугоска
- Соња Лепиткова
- Ана Блажевска
- Митко Чавков
- Цветко Грозданов
- Сашо Стефановски
- Марјан Спасески
- Славе Трпевски
- Владо Мисајловски
- Влатко Поповски
- Александар Нацев
- Жарко Караџоски
- Васе Доневски
Листата е поголема, но нема потреба од останатите имиња.
Нацев инаку сам во гостување на радио во 2021 година кажа дека е еден од кандидатите кои се мерат на анкети од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
– Јас сум еден од предложените кандидати за Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како моја матична партија. Сега следат анкети и испитување на јавното мислење, за неколку месеци ќе знаеме дали ќе бидам тој што ќе ја води битката за Пробиштип и за добивање градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Нацев за Радио Лидер.
Нацев држеше и бројни прес-конференции во партијата, откако Мицкоски е претседател.
Ама не, премиерот го знаел Нацев само од телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…
Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…